Сабаленка продолжува да гази сѐ пред себе на патот кон трофејот на Ју-Ес опен!

Најдобрата светска тенисерка во моментов, Арина Сабаленка, се пласира меѓу осумте најдобри на Ју-Ес Опен, откако ноќеска, лесно и убедливо, ја преслуша Шпанката Кристина Букса (6-1, 6-4).

Белорусинката до победата дојде за нешто повеќе од еден час и останува во игра за одбрана на титулата освоена минатата година. Таа во првиот сет ѝ дозволи на противничката само еден гем, што ја постави контролата од самиот почеток на натпреварот. Букса заигра подобро во вториот сет, но брејкот во петтиот гем ѝ ја донесе победата на Сабаленка.

Првата на ВТА-листата во четврт-финалето ќе се соочи со Чехинката Маркета Вондроушова, која ја елиминира Казахстанката Елена Рибакина (2-1).

ФОТО: EPA PHOTO