
Познато кога Ѓоковиќ го игра мечот од второто коло на Ју-Ес Опен
Организаторите објавија дека Ѓоковиќ ќе излезе на „Артур Еш“ в четврток од 17.30 часот по македонско време.
Ѓоковиќ го почна турнирот со триумф против Лернер Тиен со 3-0, додека Захари беше подобар од Жомбор Пирош со 3-0 во сетови.
Доколку успее да слави, Ѓоковиќ во третото коло ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Камерон Нори и Франсиско Комесана.