Познато кога Ѓоковиќ го игра мечот од второто коло на Ју-Ес Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го дозна терминот во кој ќе го игра мечот од второто коло на Ју-Ес Опен против Захари Свајда.

Организаторите објавија дека Ѓоковиќ ќе излезе на „Артур Еш“ в четврток од 17.30 часот по македонско време.

Ѓоковиќ го почна турнирот со триумф против Лернер Тиен со 3-0, додека Захари беше подобар од Жомбор Пирош со 3-0 во сетови.

Доколку успее да слави, Ѓоковиќ во третото коло ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Камерон Нори и Франсиско Комесана.