
Гарначо одби богата понуда од С. Арабија, во мислите му е само еден клуб
Гарначо е отпишан кај тренерот Рубен Аморим на „Олд Трафорд“, а очигледно не сака да игра ниту во Саудиска Арабија, од каде што претходно одбил богата понуда и чека наскоро да биде комплетиран неговиот трансфер во Челси.
Светскиот клупски шампион долго време го сака Гарначо и веќе почна преговори со „црвените ѓаволи“, но остануваат одредени финансиски детали кои треба да бидат комплетирани.
Фото: Facebook/Manchester United