Кајрат Алмати го шокира Селтик: ЛШ ќе се игра на 350 км од кинеска граница!

Фудбалерите на Кајрат Алмати, иако аутсајдери, сепак успеаја да го елиминираат шкотскиот шампион Селтик на пенали во плејофот на Лигата на шампиони (ЛШ) и да обезбедат место во главната фаза на елитното натпреварување.

Реваншот во Алмати, на само 350 км од кинеската граница, заврши без голови, исто како и првиот меч меѓу екипите во Шкотска, па победникот мораше да се решава на пенали каде што Кајрат Алмати беше поуспешен.

Кајрат Алмати беше поуспешен во пенал-серијата и со 3-2 успеа да го елиминира Селтик од ЛШ, а со тоа испиша историја затоа што за првпат во својата историја се пласира во групната фаза на турнирот.

Фото: Facebook/ФК Кайрат / FC Kairat