Пафос во 90. минута ја расплака Ц. Звезда и ја остави без ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на српскиот шампион Црвена Звезда не издржаа до крајот на регуларниот дел и ремизираа против Пафос, а тоа значеше и елиминација од Лигата на шампиони (ЛШ) поради поразот од првиот меч (1-2) во Белград.

Двете екипи одиграа израмнет натпревар, а Ц. Звезда ја врати надежта за место во главната фаза со среќниот гол на Иваниќ, чиј удар се одби од дефанзивец на Пафос и заврши во мрежата на домаќините.

Ц. Звезда нападна и сакаше втор гол, меѓутоа во самата завршница пристигна разочарувањето, кога Јаја во 90. минута погоди за конечни 1-1 (вкупни 3-2) и обезбеди пласман во групната фаза на ЛШ.

Место во главната фаза обезбеди и Бодо/Глимт кој во двомечот беше подобра од Штурм Грац.

Фото: Facebook/PAFOS FC