Ново разочарување за Потер: Вулвс го елиминира Вест хем од Лига Купот (ВИДЕО)

Вест хем нема најдобар почеток на сезоната со тренерот Грем Потер, откако загуби и во Лига Купот од Вулвс со 2-3.

Гомез во 43. минута им донесе предност на „волците“ во дуелот со ривалот од Лондон, додека Потер успеа да ги разбуди своите избраници по паузата на полувремето и тие преку Соучек и Пакета стрелаа за целосен пресврт (2-1).

Радоста на Вест хем траеше до завршницата од мечот, кога Ларсен со два погодоци за две минути ги расплака и ги елиминира од натпреварување.

Екипата на Потер има ужасен старт и на Премиер лигата, каде што запиша два големи порази, од Сандерленд (0-3) и Челси (1-5).

Фото: Facebook/Wolverhampton Wanderers FC