Синер моќно го почна Ју-Ес Опен, неговиот ривал освои само четири гема

Еден од најдобрите тенисери во светот, Јаник Синер имаше одличен старт на Ју-Ес Опен, откако успеа да го декласира Вит Коприва со 3-0 во сетови (6-1, 6-1 и 6-2).

Синер доминираше во првиот сет и му дозволи на ривалот од Чешка да освои само еден гем (6-1), а идентично беше и во вториот сет каде што Италијанецот повторно славеше со 6-1.

Италијанецот немаше посериозни проблеми ниту во третиот сет, каде што Коприва овој пат освои два гема (2-6).

Синер во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Попирин и Русувори од Финска.

Фото: EPA PHOTO