Црвена Звезда оди на сè или ништо, со сите сили ќе брка негатива против Пафос

Фудбалерите на Црвена Звезда немаат избор во реваншот од плејофот за Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе бркаат негатива против Пафос.

Пафос славеше во првиот меч во Белград со 2-1, а тимот од српската престолнина вечерва од 21 часот ќе се обиде да обезбеди место во групната фаза на елитното натпреварување.

Тренерите на двете екипи ги објавија составите за вечерашната средба, а може да се забележи дека српскиот состав со сите сили ќе оди на триумф.

Фото: FK Crvena zvezda/FB