Работнички во Првата лига уште не постигнал гол, на Карбинци му даде 16

Поранешниот шампион на Македонија, Работнички оствари историски резултат откако во првото коло од националниот Куп го совлада третолигашот Карбинци со 16-0.

Интересно е тоа што тимот од Дебар Маало сезонава во Првата лига се уште нема постигнат гол, а одигра три натпревари, но затоа на аутсајдерот му ја наполни мрежата до врв. По првото полувреме резутатот беше 9-0, а најголемата суша беше од 70. до 83. минута кога гостите не постигнаа ниеден гол.

По два пати во листата на стрелците се запишаа Жаку, Дејли, Хоџа, Асани и Николовски, а по еден гол реализираа Демири, Мециновиќ, Ангелов, Елези, Бошнаков и Кадриу. Ова не е прв двоцифрен пораз за Карбинци во Купот на Македонија бидејќи пред две години загуби од Воска со 0-10, а во 2013 година исто така играше со Работнички и доживеа дебакл со 1-9.

Воедно, триумфот на Работнички не е највисок во Купот на Македонија и воопшто во домашниот фудбал. Рекордот го држи Брегалница Штип која во 2019 година го совлада Ново Црнилиште со 22-0.

Резултати:

Победа Виница - Брегалница 0-6
Новаци - Силекс 1-7
Љуботен - Македонија ЃП 0-14  
Охрид - Брера Струмица 1-1 (победа за Охрид на пенали)