
Се зголеми африканската колонија во Вардар - две нови засилувања за црвено-црните!
Бајо и Муса добија работни визи и ќе можат да му се стават на располагање на Гоце Седлоски за идните натпревари на Вардар.
Фахад Азиз Бајо е 27-годишен напаѓач, висок 185 сантиметри. Неговата основна позиција е шпиц, но може да игра и како офанзивен играч од средниот ред и како крилен напаѓач. За него ова не е прв ангажман во Европа, претходно го носел дресот на Вишков од Чешка.
Тој е репрезентативец на својата земја, 22 пати го носел дресот на Уганда, постигнал осум голови.
Ново име во Вардар е и 23-годишниот стопер Муса Раматан кој исто така е од Уганда, има еден настап за оваа селекција, играл и за младинските репрезентации на својата земја.
Двајцата играчи доаѓаат од клубот Волвало Адиграт Универзитет од Етиопија.