Хојлунд денеска треба да стане играч на Наполи

Италијанскиот шампион Наполи интензивно работи на трансферот на данскиот репрезентативец Расмус Хојлунд и зделката би можела да биде финализирана до крајот на денешниот ден.

Тимот на Антонио Конте е во очајна потрага по напаѓач откако Ромелу Лукаку доживеа повреда поради која ќе паузира повеќе од три месеци. Хојлунд беше цел и на Милан, но најверојатно поради тоа што „росонерите“ оваа сезона не играат во европските купови, одби да се пресели на Сан Сиро.

Постои можност Данецот оваа сезона да игра како позајмен играч во Наполи, а идното лето неговиот договор да биде откупен за 45 милиони евра. Тој веќе има искуство во италијанската лига имајќи предвид дека во сезоната 2022/23 играше за Аталанта и на 32 натпревара постигна девет гола.