Билетите за ММА спектаклот во Скопје чинат од 400 до 10.000 денари!

По повеќе од десет години пауза љубителите на боречките вештини во Македонија ќе можат да уживаат во ММА настан кој ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ на 14 септември и во кој ќе учествуваат и македонски борци.

Македонија на овој настан се очекува да ја претставуваат неколку борци меѓу кои ќе бидат и европските шампиони, Даниела Алексовска и Марко Трајановски, како и Никола Димовски и Костадин Георгиевски. Алексовска ќе се бори со Адила Флочеа од Молдавија, Трајановски со Петар Кликовац од Црна Гора, Димовски со Лучијан Вилчу од Германија, а а Георгиевски со Раде Новаковиќ од Србија.

Главната борба на вечерта ќе биде помеѓу Србинот, Никола Градинац и Грузиецот Гиорги Квелидѕе. Градинац во борбата влегува на местото на Јован Лека кој потпиша договор со УФЦ.

Организаторот ги објави цените на билетите за спектаклот, а тие се движат од 400 до 10.000 денари, во зависност од местоположбата. Најскапите (ВИП) се непосредно до кафезот и вклучуваат храна и пијалоци во текот на целиот настан, како и приватна атмосфера со највисок квалитет на услуга.