Тешко му паднал поразот: Дончиќ збеснал во соблекувалната по дебаклот од Србија

Најдобриот кошаркар на Словенија, Лука Дончиќ тешко го прифатил поразот од Србија со 72-106 на пријателскиот меч пред почетокот на Европското првенство (ЕП).

Словенечките медиуми пишуваат дека Дончиќ збеснал во соблекувалната по натпреварот и им држел лекции на неговите соиграчи.

Словенија се наоѓа во групата Д на ЕП и ќе игра против Франција, Израел, Исланд, Полска и Белгија.