Сапуницата нема крај: Њукасл сака да го задржи Исак, а тој не сака да слушне!

До крајот на летниот преоден рок остануваат уште неколку денови, а најголемо внимание привлекува Александар Исак и неговата иднина која засега останува неизвесна.

Ливерпул го сакаше Исак и веќе испрати понуда до Њукасл, но истата беше одбиена од тимот од „Сент Џејмс Парк“ кој не сака да го продаде шведскиот голгетер, а тоа го налути напаѓачот кој јавно ја искажа својата желба.

Њукасл сè уште одбива да го продаде и сака да го задржи, но Исак не сака да слушне за такво сценарио бидејќи во мислите му е само Ливерпул, објави новинарот Фабрицио Романо.

Романо вели дека актуелниот англиски шампион наскоро ќе испрати нова понуда до „Сент Џејмс Парк“ за потписот на Исак, но дефинитивно Њукасл ќе бара огромна отштета за својот напаѓач.

Фото: Facebook/Newcastle