
Работнички во Првата лига уште не постигнал гол, на Карбинци му даде 16
Интересно е тоа што тимот од Дебар Маало сезонава во Првата лига се уште нема постигнат гол, а одигра три натпревари, но затоа на аутсајдерот му ја наполни мрежата до врв. По првото полувреме резутатот беше 9-0, а најголемата суша беше од 70. до 83. минута кога гостите не постигнаа ниеден гол.
По два пати во листата на стрелците се запишаа Жаку, Дејли, Хоџа, Асани и Николовски, а по еден гол реализираа Демири, Мециновиќ, Ангелов, Елези, Бошнаков и Кадриу. Ова не е прв двоцифрен пораз за Карбинци во Купот на Македонија бидејќи пред две години загуби од Воска со 0-10, а во 2013 година исто така играше со Работнички и доживеа дебакл со 1-9.
Воедно, триумфот на Работнички не е највисок во Купот на Македонија и воопшто во домашниот фудбал. Рекордот го држи Брегалница Штип која во 2019 година го совлада Ново Црнилиште со 22-0.
Резултати:
Победа Виница - Брегалница 0-6
Новаци - Силекс 1-7
Љуботен - Македонија ЃП 0-14
Охрид - Брера Струмица 1-1 (победа за Охрид на пенали)