Проблем за Димитриевски: Леванте излезе од трката, остана уште една опција!

Македонскиот голман, Столе Димитриевски даде зелено светло за трансфер во Леванте, но овој клуб не се договори со Валенсија, па трансферот пропадна.

Димитриевски е во потрага по нов клуб, доколку остане во Валенсија уште една сезона ќе ја грее клупата.

Преодниот рок е пред крајот, а опциите се намалуваат.

Македонецот се поврзуваше со Леванте, но последните информации од шпанските клубови се дека градските ривали не се договориле околу отштетата.

Валенсија не ја прифатила понудата на Леванте, барала повеќе пари, а помалиот клуб од градот не можел да ја качи сумата.

Претходно од опциите испадна и Елче кој се поврзуваше со Димитриевски, овој клуб си најде друг голман.

Сега како опција е само Селта, која исто така е заинтересирана за Македонецот. Останува дали тие ќе направат напор да го ангажираат во последните денови од преодниот рок.