
Голем подвиг: Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го препливал Ла Манш!
Откако имаше еден неуспешен обид во 2023 година, македонсскиот пливач на долги патеки сега успеа да го заврши еден од најголемите спортски предизвици за време од девет часа 43 минути.
Претходно само четворица македонски пливачи успеале да ги издржат сите предизвици во водите помеѓу Франција и Велика Британија и тоа Нико Нестор во 1959 година, Атина Бојаџи во 1969, Томи Стефановски во 2009 и Игор Димовски една година подоцна.