
Ѓоковиќ не изгледаше добро по триумфот во Њујорк: Ептен лошо се чувствувам!
Тој откри работи кои сериозно ги исплашија неговите многубројни навивачи.
„Започнав одлично и се чувствував многу добро. Но во вториот сет бев навистина изненаден колку физички лошо се чувствував. Тоа е мала грижа, немам повреда, но тешко ми беше да издржам во долгите разменувања и да се опоравам по поените. Се надевам дека тоа нема да се повтори, бидејќи ми го прави престојот на теренот многу подолг,“ изјави Ѓоковиќ по мечот.
Иако во првиот сет доминираше и за нешто повеќе од 20 минути му дозволи на противникот да освои само еден гем, вториот сет траеше час и 20 минути и речиси му излезе од контрола. Ѓоковиќ беше принуден да се брани на сервис при резултат 5-4 за Тиен, но со искуство и концентрација успеа да го спаси гемот и потоа да го освои тај-брејкот. Во паузата пред третиот сет побара медицински тајм-аут поради плускавец на десната нога, но по интервенцијата на физиотерапевтите повторно ја презеде контролата и рутински го заврши мечот.
Ова беше негов прв официјален настап по шест недели пауза и поразот во полуфиналето на Вимблдон. Одлуката да ги прескокне подготовките во Торонто и Синсинати, за да се фокусира исклучиво на Њујорк, резултираше со недостаток на натпреварувачки ритам и очигледни физички потешкотии. И покрај проблемите, Ѓоковиќ стигна до уште еден импресивен рекорд – стана првиот тенисер во Опен ерата со 75 последователни победи во првите кола на грен-слем турнирите и ја впиша својата 80. победа на „Артур Еш“ стадионот.