
Коленото на Бонифејс поради кое му пропадна трансферот во Милан (ФОТО)
Причина за тоа е физичката состојба во која се наоѓа нигерискиот напаѓач, а особено коленото кое претрпе две операции пред 5-6 години и кое сега се наоѓа во ужасна состојба. Бонифејс не успеа да ги помине медицинските прегледи, а во Милан не сакаа да ризикуваат со коленото кое изгледа ужасно.
Пред да пристигне во Милан, Бонифејс ги имаше договорено личните услови со „росонерите“, а Баер требаше да добие 3,5 милиони евра за едногодишна позајмица и уште 24 милиони евра догодина за неговиот трансфер.