Винисиус пак по старо - ги провоцираше домашните фанови, Мбапе мораше да го смирува (ФОТО+ВИДЕО)

Откако минатата сезона изгледаше дека малку го смири својот темперамент и не влегуваше во конфликт со противнички фудбалери или навивачи, Винисиус им се врати на старите навики на почетокот од новата сезона.

Бразилецот не беше дел од стартната постава на гостувањето кај Овиедо, но уште во првото полувреме имаше жестоки расправии со навивачите на домашниот тим, сместени над клупата на Реал. Очигледно беше провоциран, веројатно и навредуван и овојпат не издржа да не им врати.

 

 

Тоа го направи откако влезе во игра, постојано гестикулирајќи кон трибините, а кулминација беше ситуацијата по вториот и третиот постигнат гол (мечот заврши со триумф на Реал со 3-0).

Прво се расправаше со судијата, па мораше Мбапе да му ја покрива устата за да не се гледа што зборува, а потоа Винисиус гестикулираше дека Овиедо ќе испадне во Втора лига. За тоа доби свирежи од публиката, но веројатно не му е многу важно бидејќи го постигна првиот гол и првата асистенција во новата сезона, а Реал славеше убедлив триумф.

фото: EPA photo