
Ѓоковиќ се загреа во Њујорк, со победа без загубен сет
Повеќе од половина од текот на мечот (83 минути) беа потрошени во вториот сет во кој домашниот тенисер, двојно помлад од Ѓоковиќ, пропушти вкупно четири брејк топки, вклучувајќи една сет топка со која можеше целосно да го смени текот на настаните. На крајот, се се решаваше во тај брејк во кој од десет поени (7-3), дури осум беа освоени на сервис на противникот.
Откако Ѓоковиќ успеа да го преброди тој тежок период, рутински го освои третиот сет за конечна победа и пласман во второто коло од Гренд слемот во Њујорк. Таму противник ќе му биде уште еден Американец, Закари Свајда, 145. тенисер на АТП листата.
Ова беше 75. пат по ред, Ѓоковиќ да го помине првото коло на еден Гренд слем турнир.