Џабе убавина кога не знае фудбал: Новинарка направи урнебесно смешна грешка (ВИДЕО)

Необичен момент се случи по натпреварот од првото коло на германската Бундеслига, во кој Ајнтрахт Франкфурт го совлада Вердер Бремен со убедливи 4-1.

Капитенот на тимот од Бремен, Марко Фридл, застана пред камерите на „Скај“ за интервју, но ситуацијата брзо стана урнебесно смешна. Австрискиот дефанзивец претходно го имаше разменето дресот со поранешниот соиграч Михаел Цетерер, па на себе носеше дрес од Ајнтрахт.

Токму тоа ја доведе во заблуда репортерката Катарина Клајнфелд, која помисли дека разговара со играч на победничкиот тим, па го праша дали е среќен по убедливата победа.

„Јас сум фудбалер на Вердер, ние загубивме“, ѝ возврати Фридл, по што таа се извини и се обиде да го минимизира гафот.