Трагедија на кралската етапа во Шпанија: Загина 17-годишен велосипедист по тежок пад!

Голема трагедија ја потресе Шпанија, откако во судир учествуваа 20 велосипедисти, а дури 18 завршија во болница, додека еден од нив го загуби животот.

Младиот 17-годишен шпански велосипедист Иван Мелендес Луке почина по тешките повреди за време на втората етапа од јуниорската велосипедска трка околу Шпанија, односно популарната „Вуелта а Еспања“.

Несреќата се случила за време на кралската етапа која требаше да биде завршена в недела по три дена возење, паралелно со стартот на сениорската трка на „Вуелта“.