Келн на најдобар можен начин се врати во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Келн имаа одличен почеток на сезоната во Бундеслигата, откако триумфираа со 1-0 против Мајнц.

Двете екипи беа израмнети во текот на целиот натпревар, а единствениот погодок беше постигнат на истекот на регуларните 90 минути, кога Батлер на одличен начин го матира голманот на ривалот.

Келн во следното коло игра против Фрајбург, додека Мајнц му гостува на Вердер.