Пропадна трансферот на Бонифејс: Милан сега го сака наследникот на Ѓокереш

Милан беше на праг да потпише со Виктор Бонифејс, меѓутоа фудбалерот не ги помина дополнителните медицински прегледи, па поради тоа „росонерите“ ќе бараат друго засилување во нападот.

Италијанските медиуми пишуваат дека Милан го сака наследникот на Виктор Ѓокереш во Спортинг Лисабон, а тоа е талентираниот 20-годишен напаѓач Конрад Хардер.

Хардер минатото лето го засили Спортинг за 19 милиони евра и играше како замена за Ѓокереш, но и покрај тоа постигна 13 голови и 10 асистенции.

За младиот фудбалер беа заинтересирани и тимови од Франција, но Милан го направи првиот конкретен чекор.

Фото: Facebook/AC Milan