
Некогаш големиот талент, Ренато Санчез стигна да игра на Балканот! (ВИДЕО)
Ренато Санчез кој кариерата ја почна во Бенфика, во 2016 година како огромен талент потпиша за Баерн Минхен. Но, проблемите со повреди му ја диригираа кариерата. За три години одигра околу 40 натпревари за Баварците.
Во 2019 отиде во Лил каде што потсети дека се работи за сериозен фудбалер. Игрите таму му овозможија трансфер во ПСЖ, но повторно се појавија повредите.
Од ПСЖ играше на позајмица во Рома, па во Бенфика и сега е пратен во Панатанаикос.