
Грилиш се разигра и го израдува Евертон, реми на Кристал Палас и Нотингем (ВИДЕО)
Грилиш му асистираше на Ндиаје во 23. минута за водство од 1-0 на „карамелите“, а потоа позајмениот фудбалер од Манчестер сити асистираше и за вториот погодок на Евертон, и тоа во 52. минута кога Гарнер ја затресе мрежата на Брајтон.
Кристал Палас прв постигна гол во средбата со Нотингем Форест. Во листата на стрелци се запиша Сар во 37. минута, но радоста на домаќините траеше само до 57. минута кога Хадсон-Одои погоди за 1-1.
Фото: Facebook/Everton Football Club