
Седма победа по ред за Марк Маркез - триумф и во Унгарија!
За Маркез ова беше седма победа по ред, серија каква што направил двапати во кариерата, денешниот триумф го однесе чекор поблиску до шампионската титула.
Шпанецот тргна лошо на денешната трка, грешката во втората кривина му овозможи на Марко Безеки да го преземе првото место, Маркез падна на третата позиција, пред него отиде и Франко Морбидели.
Сепак Маркез брзо влезе во својот ритам, прво лесно го мина Морбидели, а потоа следуваше борба со Безеки во која успеа да победи и да се врати на лидерското место.
Зад Маркез на крајот заврши Педро Акоста, а Марко Безеки го освои последното место на подиумот.
Маркез сега е на врвот со 455 поени, дури 175 повеќе од неговиот брат Алекс Маркез кој е на втората позиција.