Време е Шкупи да биде набркан од македонскиот фудбал!

Поранешниот македонски шампион и клуб со традиција, Шкупи, во последните месеци стана исклучително проблематичен за македонскиот фудбал, клуб штетен за своите навивачи, но и општо за спортот во Македонија.

Кулминацијата на проблемите кои ги носи Шкупи се случи денеска кога група родители на деца од овој клуб влегоа на терен во Штип и тепаа момчиња од екипата на Брегалница. (види ТУКА)

Инцидентот е дотолку сериозен што од Штип известуваат за деца со тешки повреди на главата, скршена нога... има и уапсени. 

Но, ова е само еден од низата инциденти кои ги создаде Шкупи во изминатиот период, можеби и не последен ако некој не го запре овој клуб.

Во подготвителниот период Арсими алармираше за потенцијална местенка која сакаше да ја спроведе Шкупи на пријателски натпревар со нив (види ТУКА). Тие го откажаа мечот, но чаирскиот тим отиде во Турција за да си ја реализираа таа цел и тоа им успеа (види ТУКА).

Шкупи е единствениот клуб од Првата лига кој не ги исполни условите на ФФМ за настап на својот стадион (види ТУКА). Не постави соодветна инфраструктура на стадионот за имплементација на ВАР.

Чаирскиот клуб не најде терен на кој ќе биде домаќин во второто коло од новата сезона, па мечот со Силекс не се одигра. Претходно, на првиот натпревар едвај скрпија тим, на клупата во Тетово против Шкендија имаа четворица играчи од кои двајца им беа голмани (види ТУКА).

На тој меч Шверцерите го искажаа својот бес кон управата откако дојдоа до Тетово само за да извадат два транспаренти против оние кои им го уништуваат клубот и си заминаат (види ТУКА).

Низата на инциденти кои ги предизвикува Шкупи многу веројатно дека ќе продолжи и понатаму доколку некој не им застане на патот и не ги исфрли од македонскиот фудбал. А веќе направија и повеќе од доволно за тоа да се случи.