
Родители од Шкупи крвнички тепале деца на Брегалница среде Штип! (ВИДЕО)
Според штипските медиуми, се работи з тежок инцидент кој се случил кога луѓе од Шкупи без причина влегле на теренот и почнале да тепаат деца од Брегалница.
Според информациите од градот под Исарот, две деца се потешко повредени од кои едното има скршена нога, а другото повреди на главата.
Реагирала и полицијата, има уапсени и однесени во полициска станица, а во текот на денот се очекува и соопштение на МВР.