Машинеријата на Флик „меле“ сè пред себе: Рафиња и Јамал го решија Виљареал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона триумфираа на незгодното гостување кај Виљареал со 2-0 во 18. коло од шпанската Ла Лига.

Рафиња ја затресе мрежата на „жолтата подморница“ во 12. минута од средбата, по што проблем за домаќините направи Веига кој доби директен црвен картон.

Барселона во вториот дел напаѓаше и се надеваше на втор гол, а конечно им успеа тоа во 63. минута кога Ламин Јамал го матира голманот на Виљареал за предност од 2-0.

Каталонскиот гигант е лидер во Ла Лига со 46 бодови, односно четири повеќе од Реал Мадрид, по што следи Атлетико Мадрид со 37, а Виљареал има 35.