Астон вила го расплака Јунајтед и ја продолжи потерата по Сити и Арсенал (ВИДЕО)
Морган Роџерс беше стрелец на голот за водство на домашниот состав во 45. минута, а само три минути подоцна Матеус Куња погоди за израмнување (1-1).
Роџерс повторно ја затресе мрежата на гостите од Манчестер, откако во 58. минута го матира голманот на „ѓаволите“ за водство од 2-1 на Астон вила.
Екипата од Бирмингем го издржа притисокот до крајот и освои нови три бодови, па сега е трета со 36 поени, односно еден помалку од Манчестер сити и три помалку од Арсенал.
Фото: Facebook/Aston Villa FC