Крај на црната серија: Фиорентина го истури бесот врз Удинезе!

Фиорентина конечно успеа да ја прекине црната серија од 15 натпревари без победа во Серија А, откако вечерва го надигра Удинезе со убедливи 5-1.

Услуга на домаќините им направи Мадукс Окоје, кој доби директен црвен картон во шестата минута, по што екипата од Фиренца стрелаше преку Мандрагора, Гудмундсон и Ндур до крајот на првото полувреме (3-0).

Кин на стартот на вториот дел зголеми на 4-0, по што Солет постигна почесен погодок за Удинезе (1-4). Сепак, набрзо Кин повторно погоди и ги постави конечните 5-1.

Фиорентина е последна во Серија А со само девет освоени бодови, односно пет помалку од безбедната зона.

Фото: Facebook/ACF Fiorentina