Тешка повреда на Кристенсен, но има и една добра рабoта за Барселона
Андреас Кристенсен можеби веќе го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона, дефанзивецот се повреди на вчерашниот тренинг, а тестовите донесоа лоши резултати.
Како што попладнево брифираа од Камп Ноу, Данецот ги оштетил предните вкрстени лигаменти на коленото и го чека долга пауза.
Лигаментите се само делумно скинати, па во моментов не се размислува за операција, но и со ваква дијагноза, се очекува тој да биде надвор од стројот најмалку четири месеци.
Во оваа црна прогноза, има и една добра работа – Барселона ќе може да искористи процент од платата на Андреас Кристенсен за да регистрира засилување во зимскиот преоден рок.