Шверцери истакнаа парола против управата и си заминаа од стадионот во Тетово

Во Шкупи владее вистински хаос, а доказ беше и денешниот состав со кој истрчаа во првиот натпревар од сезоната против Шкендија во кој oд првата минута во стартниот тим имаше дури седум фудбалери од младинскиот состав.

Навивачите на клубот од Чаир и покрај конфликтот кој го имаат со актуелното раководство денеска се појавија во Тетово, но и уште еднаш го изразија својот револт кон луѓето кои го водат клубот.

Некаде на средина од второто полувреме тие истакнаа транспарент на кој стоеше.

„Во Шкупи нема место за измамамници“, јасно порачувајќи какво мислење имаат за структурата која го води клубот.

Веднаш по истакнувањето на транспарентот тие ја напуштија трибината.