
Левандовски: Се согласив на трансфер во Манчестер јунајтед!
Левандовски бил блиску до трансфер на „Олд Трафорд“, откако се согласил да се пресели во Манчестер јунајтед, но Борусија Дортмунд не сакала да го продаде во 2012 година.
„Се согласив на трансфер во Манчестер јунајтед, но Борусија не сакаше да ме продаде затоа што сметаа дека за една-две години ќе вредам многу повеќе“, откри Левандовски.
Полјакот, сепак, две години подоцна се пресели во Баерн Минхен каде што играше сè до 2022 година, по што потпиша за Барселона.
Фото: Facebook/FC Barcelona