Синер имаше луда ноќ, но се избори за осминафинале во Синсинати (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер се пласира во осминафинале на мастерсот во Синсинати, откако славеше со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-6 против Габриел Дијало.

Синер во првиот сет беше доминантен и со два брејка на противнички сервис успеа лесно да стигне до убедливи 6-2.

Дијало во вториот сет успеа во тај-брејкот да се избори за сет-топка на свој сервис, но потоа Синер успеа со одличен потег да се врати во игра и да се пласира во осминафинале.

Мечот го одбележа и необична ситуација, односно се вклучи противпожарниот аларм во вториот сет, а имаше и проблеми со ЛЕД-екраните.

Италијанецот во осминафиналето во Синсинати ќе се бори против Адриан Манарино, кој со 2-1 го совлада Томи Пол.

Фото: EPA PHOTO