Брегалница го осуди насилството и побара најостра казна за тепачите од Шкупи!

Фудбалскиот клуб Брегалница реагираше по денешниот инцидент во Штип, кога родители на деца на Шкупи влегле на терен и почнале да ги тепаат домашните фудбалери во мечот од младинските категории на генерациите 2009/10.

Брегалница го осуди инцидентот и побара најостра казна за тепачите од Шкупи, кои сериозно повредиле дел од фудбалерите на домашниот состав.

„Нема место за насилство во спортот. Најостро го осудуваме денешниот инцидент на натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи. Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на било кој фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст. На повредените деца им посакуваме брзо закрепнување и апелираме до институциите професионално да ја испитаат денешната случка и соодветно со највисоки казни да ги санкционриаат виновниците“, соопшти Брегалница.