
Алегри по шокантниот пораз на Милан: Среќа што е прв натпревар!
Сите очекуваа дека Милан под водство на Алегри победнички ќе тргне во новата сезона, особено што противник беше Кремонезе, но росонерите загубија и тоа на домашен терен.
„Примивме два гола кои можевме да ги избегнеме со малку поголема концентрација. За среќа, ова е само прво коло, имаме време да работиме на овие детали“, вели Алегри.
„Секогаш е комплицирано во првиот меч од сезоната. Ова се натпревари во кои треба да не примите гол, ние успеавме да се вратиме на полувремето, креиравме некои добри шанси за гол и не ги искористивме“.
„Знаевме дека Кремонезе е добар на нафрлени топки и требаше подобро да го чуваме шеснаесетникот отколку што го направивме тоа. Треба да напредуваме во вакви ситуација бидејќи не можеме да си дозволиме да примаме по два гола на секој меч“.