Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо кој го предводи Фенербахче во Турција би можел да се врати во англискиот фудбал, најавуваат медиумите на Островот.

Мурињо во Англија ги предводеше Челси и Манчестер јунајтед, а според последните информации сега се споменува како потенцијална опција за Нотингем форест каде што во овој момен е Нуно Еспирито Санто.

Санто имаше одлична сезона со Нотингем и ќе игра во Европа, меѓутоа неодамна призна дека неговиот однос со претседателот на клубот, Евангелос Маринаки е нарушен.

Поради тоа се шпекулира дека може да дојде промена, а Мурињо се истакнува како еден од фаворитите за оваа позиција. Покрај Мурињо како потенцијални наследници на Санто се споменуваат: Анге Постекоглу и Брендан Роџерс.