Каков потег: Светскиот моден бренд ќе го промени логото поради Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Францускиот моден бренд „Лакосте“ приреди посебно изненадување за Новак Ѓоковиќ кој е нивни голем амбасадор.

Имено, место препознатливото лого со крокодилот, тие во продажба ќе пуштат колекција на која ќе има симбол на јарец (ГОАТ) во чест на 24-кратниот грен-слем шампион кој наскоро го започнува својот настап на Синсинати.

Специјалната колекција ќе вклучува маици, јакни, капи и поло кошули во традиционална зелена боја.

„Оваа е многу повеќе од дизаајнерски потег, ова е емотивна посвета на кариера обележана со долговечност и успех“, соопштија од компанијата.

Соработката помеѓу Ѓоковиќ и францускиот бренд трае од 2017 година.

ФОТО: EPA PHOTO