Лукман доби закани: Уште една глупост нема да биде простена! (ФОТО)

Адемола Лукман долго време сакаше да потпише за Интер, а за да ја натера Аталанта да го продаде се закани дури и со бојкот, меѓутоа тоа ги налути навивачите.

Навивачите поставоја транспарент покрај тренинг-центарот на Аталанта со јасна порака до напаѓачот.

„Дресот мора да се почитува. Уште една глупост нема да биде простена“, пишува на транспарентот.

Лукман во кариерата играше за Чарлтон, Евертон, Лајпциг, Фулам, Лестер и Аталанта.