
МЗТ го продолжи договорот со тренерот кој им ги донесе последните три титули!
Тој седна на клупата на „металците“ на местото на Драган Николиќ пред крајот на сезоната 2022/23, најпрво како привремено решение, а веќе од следната година и како прв стратег. Во овој релативно краток период успеа да освои дури три шампионски титули (2023, 2024 и 2025), како и по два пати Купот на Македонија (2024, 2025) и Суперкуп (2023, 2024), со што веќе се вбројува меѓу најтрофејните тренери во историјата на клубот.
Атанасов ќе продолжи да работи со истиот стручен штаб во кој како негови помошници ќе бидат Дејан Србиновски, Тино Даневски и Филип Босилков.