
Шкендија остана без напаѓач за првиот меч против Лудогорец!
Клучниот офанзивец заработи повреда на зглобот и ќе паузира најмалку десет дена, потврдија клубот. Адеми се повреди на гостувањето кај Македонија ЃП во второто коло од домашното првенство, на кое тетовци славеа со 3-1. Напаѓачот мораше да ја напушти играта уште во 27. минута поради дисторзија на зглобот од прв степен, откако го постигна првиот гол за својот тим.
Ова значи дека ќе го пропушти не само европскиот дуел со Лудогорец, туку и следниот првенствен меч против Арсими.