Репрезентативец на Јапонија е нов играч на Бутел

Македонскиот суперлигаш Бутел денеска се засили со младинскиот репрезентативец на Јапонија, Рио Козакаи.

Станува збор за 21-годишен играч кој доаѓа од Цукуба од Јапонија и за него ова ќе биде прво искуство надвор од татковината. Настапува на левата бековска позиција, игра во двете насоки, а со Бутел се обврза на договор од една сезона.

Козакаи ќе дебитира на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, иако на екипата на Горан Кузманоски и се приклучи неодамна.