Сезоната започна, а Јамал побегна во Монте Карло - со новата девојка! (ВИДЕО)

Тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал веќе стана познат по својот бурен живот надвор од теренот, па сега повторно е тема во медиумите.

Во текот на летото организираше голема забава на Ибица по повод неговиот 18-годишен роденден, а претходно помина неколку дена во Италија со 12 години повозрасната инфлуенсерка, Фати Васкез.

Сега медиумите го поврзуваат со аргентинската пејачка, Ники Никол која исто така е повозрасна од него и има 24 години. Двајцата биле забележани во Монако откако пејачката претходно присуствуваше и на натпреварот на Барселона во Ла Лига против Мајорка.

Фановите на социјалните мрежи објавија и снимка од нивна прошетка во Монте Карло, а исто така биле забележани и на брод на францускиот брег.

Исто така е познато и дека престојувале во луксузниот хотел „Maybourne Riviera“, каде што во зависност од услугите цената може да достигне и 10.000 евра од вечер.

Се потсетува и дена Никол исто така била една од гостинките на Јамал на роденденската забава на 13 јули.

Фото: Barcelona FC/X