
На Столе му дојде преку глава: Димитриевски побара трансфер од Валенсија!
Валенсија летово го донесе Хулен Агиресабалага на позајмица од Атлетик Билбао, но во договорот меѓу двата клуба има клаузула за отштета што треба да ја плати клубот од Местаља ако тој не забележи одреден број настапи. Тоа му дава задолжение на тренерот Кобреран да смета на Агиресабалага, пред Димитриевски што е нефер позиција кон нашиот голман.
Од доаѓањето во Валенсија минатата година, Димитриевски постојано е во втор план, лани во однос на Мамардашвили кој беше позајмен од Ливерпул, а сега во однос на Агиресабалага. Македонскиот репрезентативец бранеше неколку пати во првенство и Копа дел Реј, но тоа е премалку за искусен чувар на мрежата со долгогодишно искуство во шпанскиот фудбал. Освен тоа, за учество на најмалку десет натпревари му беше загарантиран бонус од 300 илјади евра, а на крајот остана на девет настапи во дресот на „лилјаците“.
Валенсија, наводно, го прифатила барањето на Димитриевски да си замине, но тоа не може да се случи без отштета. Интерес за нашиот репрезентативец покажале Лил, Фенербахче, Селта и Леванте, а за најмногу десет дена ќе се знае каде ќе ја продолжи кариерата.