
Наполи официјално понуди милион(и) за да го позајми Елмас – на потег е Лајпциг!
Во договорот би била вметната и опција за целосен откуп следното лето во висина од 11,5 милиони евра, но без задолжителна обврска за такво нешто. Наполи, воедно, ќе ја покрива целата плата на македонскиот фудбалер. Изминативе недели се споменуваше можност Елмас да замине во Турција или во англискиот Вест Хем, но по се изглед ќе остане во Серија А, каде што настапуваше во вториот дел од минатата сезона во дресот на Торино.
Елмас на почетокот на минатата година направи трансфер од Наполи во Лајпциг за отштета во износ од 23 милиони евра, но не се снајде добро во таборот на бундеслигашот. Претходно, тој беше дел од Работнички и од составот од Неапол, каде што пристигна во 2019 година од Фенербахче.