Ѕвезда на сајт за возрасни не била пуштена на „Олд Трафорд“ - сакала да влезе гола до пола!

Крајно необична сцена се случила пред премиерлигашкото дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал (0-1), откако манекенката и ѕвезда на сајт за возрасни, Шанија Хауард, тврди дека ѝ било забрането да влезе на стадионот поради нејзиниот провокативен изглед.

Таа важи е голема навивачка на „црвените ѓаволи“, се појавила на мечот со исфарбан горен дел од телото на голо во форма на дрес на Јунајтед, комбиниран со кратки панталони. Нејзиниот настап привлекол големо внимание пред стадионот – позирала за фотографии, снимала видеа за социјалните мрежи и разговарала со навивачи.

Според нејзините зборови, обезбедувањето ја запрело на влезот и не ѝ дозволило да ја следи средбата. Причината, како што ѝ било соопштено, била неприлагоденоста на нејзината облека со правилата на стадионот.

„Лута сум, ова не е шега. Дојдов да ја гледам натпревар, а не ме пуштија да влезам. Ќе поднесам официјална жалба“, напиша Хауард на социјалните мрежи.